Две лица се повредени во сообраќајката што се случи на пешачкиот премин на булеварот „Партизански одреди“ кај трговскиот центар „Сити мол“, објави порталот „Република“
Во сообраќајката учествувале мотоцикл и пешак. Според очевидци, се работи за дете, пишува Република.
И двајцата со возила на Брза помош се пренесени на скопските клиники. Се уште нема детали за степенот на повреди.
ФОТО: Република