
Последниот трик за стилизирање на кошулата ни го демонстрираше блогерката Пениле Теисбаек.
Најечсто, во текот на зимата се обидуваме да ги искомбинираме на различни начини џемперите и ролките со други парчиња облека. Тоа успеваме да го направиме со помош на ситни и често неочекувани мали трикови, што може да ни помогнат едноставниот зимски изглед да го направиме поинтересен и поинаков.
Еве како со обична кошула можете да искомбинирате памучна ролка а потоа да ги извлечете ракавите и да ги врзете краевите на ракавите во сипматичен, растурен јазол, додека под него ѕирка ракавот од ролката.