Заради технички зафати во електро-системот без електрична енергија в недела, од 8:30 до 15 часот, ќе бидат корисниците од дел од ул. Јадранска Магистрала, поточно објектите и фирмите во околина на фирмата ОЛИМПИЈА МОТОРС. (опш.Карпош).
В понеделник, од 8:30 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Јордан Хаџи Константинов Џинот и дел од ул. Ристо Шишков. (опш.Центар), од 9 до 14 часот корисниците од ул. Киро Крстевски Платник. (опш.Центар), а од од 9 до 14:30 часот корисниците од реонот околу Јаја Пашината Џамија. (опш. Чаир).