Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер ќе преовладува ба територијата на Република Македонија, а температурата ќе се движи од шест од 13 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.
Темепратурата ќе достигне до 11 степени.
Утре претежно стабилно и потопло време
До вторник ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на неколку влажни бранови кои ќе условат променливо облачно и ветровито време со повремени локални врнежи од дожд.
Повеќе врнежи се очекуваат во среда, особено во западните делови, каде на планините во вечерните часови врнежите ќе бидат од снег.
Во среда попладне и во четврток повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.