На Ало докторе за една недела примени 1.172 повици

Во изминатата  недела  на телефонската линија за медицински  совет Ало докторе се примени 1.172 повици.

Од септември минатата година, кога започна да работи телефонската линија медицински совет  на 02/15 123  побарале вкупно 75.668 граѓани.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

На бесплатаната телефонска линија 25  доктори  вкупно  се достапни за медицински совет. Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  сезонски настинки, покачен крвен притисок, симптомна болка, покачена телесна температура и кашлици  од  променливото време.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.