Алкална исхрана – живот без болести

Алкална исхрана - живот без болести
Алкална исхрана - живот без болести

Многу славни личности се колнат во алкална исхрана и тврдат дека таа е одговорна за нивното здравје и младешки изглед.

Идејата е дека премногу кисела храна предизвикува болести и воспалителни процеси и дека треба да се замени со базна, односно алкална храна.

„За да бидете здрави, убави, енергични и да изгубите вишок килогрми, треба да знаете дека приични за болестите и дебелината се киселините и воспаленија“, тврди нутриционистот др. Дерил Гофре, кој советува бројни холивудски ѕвезди за промена на начинот на живот.

Тој тврди дека изгубил повеќе од 20 килограми и се ослободил од зависноста од шеќер, благодарение на ваквкиот вид на исхрана.

Принципот кој тој го предлага е едноствен, но строг. Мора, барем извесно време од исхрааната да исфрлите млечни преработки, алкохол, месо, кафе, шеќер и глутен. Наместо тоа, тој предлага менито да се збогати со зеленчук и други „базни намирници“. Треба да се избегнува премногу овошје, бидејќи според принципите на алкалната исхрана, шеќерот треба да се избегнува, во каков облик и да доаѓа.

Една од заблудите е дека со ваквата исхрана се менува пХ вредноста на крвта. Тоа не е можно, бидејќи вашето тело строго ја регулира пХ вредноста и исхраната не може во голема мерка да влије на тоа. Од друга страна, ако јадете премногу кисела храна, телото ќе одржува исто ниво н пХ, на штета на здравјето на коските и срцето, бидејќи ќе извлекува алкални минерали од сопствените ресурси.

Тој предложува по еднонеделно придржување на внесување исклучиво алкална храна, да се задржи сличен режим, и да барем 60-70 отсто од вашата исхрана до крајот на животот ја сочинуваат базни намирници.

„Луѓето мислат дека здрав живот подрзбира елиминација на сите намирници кои ги сакате. Тоа не е точно. Треба да се ужива во процесот, за да го цените здравјето“, вели докторот.

Ако сакате да ја алкализирате својата исхрана, доктор Гофре советува да ги јадете следните намирници:

Авокадо, брокула, карфиол, зелка, кисела зелка, морков, целер, тиквици, џитаки и маитаки печурки, шампињони, морски алги, смокви, ленено масло, краставици, лук, грејпфрут, соја и соини производи, банани, грозје, боранија, мешункасти плодови, мед, киви, лимон, зелена салата, манго, маслинки, маслиново масло, кромид, портокали, папаја, першун, круши, грашок, ананас, ротквици, спанаќ, јагоди, домати, лубеница, ориз, сусам.

Храна со која треба да бидете внимателни

Кисела реакција во телото најчесто предизвикуваат белковини и тоа најмногу тие од животинско потекло, па се смета дека за секои 10 грама белковини кои ги внесуваме, губиме 100 милиграма калциум. Затоа не претерувајте со внесот на протеини.

Дополнителни совети:

-Не пијте повеќе од две шолји кафе на ден, бидејќи кафето предизвикува киселост во телото, а некои статистики говорат дека честото пиење кафе, повеќе од три шолји на ден, би можело да ја зголеми појавата на остеопорозата дури за 82 отсо.

-Рафинирани намирници како што се белиот леб, колачи и лиснати теста предизвикуваат киселост во телото и го исфрлаат калциумит од коските, за да ја уништат киселата реакција во телото.

-Не претерувајте со темните чаеви.

-Сведете на минимумвнес на мрсна храна.

-Пушењето и пиењето кафе се главно две поврзани навики, кои заеднички создаваат киселост во телото.