Повредените во сообраќајката на патот Штип-Велес пуштени на домашно лекување

Четворица од петте лица повредени во сообраќајната несреќа кој вчера попладне се случи на магистралниот пат Штип-Велес се пуштени на домашно лекување.

Според последните информации со кои располага МВР, возачот А.И., сопатничката А.И. и двете деца се пуштени на домашно лекување, додека 50 годишната сопатничка е задржана на лекување во Клиничкиот центар.

Како што претходно е објавено, по несреќата на повредените им била укажана лекарска помош во општата болница во Велес, а потоа истите биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.