
Изминатиот викенд, инспекциските служби на општина Центар констатираа дека „Броз Кафе“, спротивно од законските одредби, има поставено маси и столици (урбана опрема), без добиено одобрение од Град Скопје.
Поради констатирано прекршување на законот, на правното лице му се изречени две глоби во износ од 4.000 евра, а на одговорното лице, 30% од одмерената глоба за правното лице.
На „Броз Кафе“ му е наложено да ја отстрани поставената урбана опрема.
Последна опомена им е изречена и на рестораните кои се наоѓаат на „Боемската улица”.
Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со инспекција на сите ресторани, кафулиња и кафе-барови на нејзина територија.