Турција стравува дека како последица на борбите во сирискиот град Алепо, на нејзината граница со Сирија би можеле да пристигнат околу 600.000 бегалци.
– Најлошото сценарио е за многу кусо време на турската граница да дојдат 600.000 бегалци, изјави синоќа турскиот вице-премиер Нуман Куртулмуш по седницата на Владата на Турција.
Тој нагалси дека како последица на офанзивата на сириските владини сили, поддржани од руски воени авиони, против бутовниците во Алепо, десетици илајди жители биле принудени да ги напуштат своите домови.
– Како последица на борбите 200.000 лица беа принудени да побегнат. Од нив 65.000 тргнаа кон Турција, а 135.000 се раселени низ Сирија, нагласи Куртулмуш.
Тој додаде дека досега околу 30.000 лица, главно жени и деца, пристигнале на границата со Турција, каде биле запрени поради затворените гранични премини.
– Засега наша цел е колку што е можно подолго да го задржиме тој (бегалски) бран надвор од границите на Турција… Се разбира, како и секогаш, ние ќе одговориме на потребите на нашите сириски браќа и ќе ги прифатиме ако биде неопходно, истакна Куртулмуш, додавајќи дека Турција досега примила 2,7 милиони бегалци и дека не може да го носи сама целиот товар на бегалската криза.