Најмалку две лица починаа, а околу 100 лица се повредени откако се судрија два воза во близина на Бад Аибилинг во јужната германска провинција Баварија, пренесува британски „Гардијан“.
Некаде околу 7 часот утринава доло до директен судир помеѓу два регионални воза.
Засега нема точни информации, но според првичните вести две лица загинале, а околу 100 се повредени.
Голем дел од патниците биле заглавени во возовите и спасувачките екипи се обидуваат да ги ослободат. Германската агенција ДПА информира дека еден воз излетал од шините. Според ДПА осум спасувачки хеликоптери стоеле во близина на местото на несреќата, а таму се упатиле поголем број на спасувачки екипи.