Бројот на руски туристи што ја посетија Анталија, главната туристичка дестинација во Турција е помал за 81 отсто. Нивниот број паднал на 2.427 во јануари во однос на истиот период во 2015-тата година кога имало 12.870 туристи, пишува „Дејли њуз“.
Вкупниот број на сите туристи што го посети овој град во јануари падна за 17 отсто, покажуваат официјалните податоци. Тоа значи дека Анталија во јануари ја посетиле вкупно 97.601 турист, што е најмала бројка во последната деценија.
Истанбул беше домаќин на 135.010 туристи во јануари, а во 2008-мата го забележи најголемиот број посети кога дочека 140.306 туристи.
Истанбул собира милиони домашни и странски туристи секоја година, а неговите луксузни хотели се обично преполнети, посебно во летната сезона. Во зима туризмот бележи пад.
Русија се наоѓаше на петтото, односно на втората позиција, во поглед на земјите што најмногу ја посетуваат Анталија.
Турција за Русите беше дестинација „број еден“ долги години наназад, но оваа традиција беше прекината по соборувањето на воениот авион на границата со Сирија на 24 – ти ноември 2015-тата.
По овој инцидент Русија воведе економски санкции против турција, како и ограничување на патувањата кон дестинациите што руските туристи традиционално ги посетуваа во Турција.
Турција ќе се соочи со загуби и на другите пазари. Загубата на германскиот пазар изнесуваше 16 отсто, а бројот на Германци што ја посетиле Анталија паднал од 52.731 лица во јануари на 44.262 во истиот период во истиот период годинава.