
На средбата присуствуваа и заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, Штефан Филе, специјален пратеник на министерот за ОБСЕ и Југоисточна Европа, поранешен еврокомесар за проширување, заменик министерот за внатрешни работи на Чешка, Јири Новачеки амбасадорот на Чешката Република во Република Македонија, Мирослав Рамеш.
На средбата, како што информираат од СДСМ, изразена е поддрша на заложбите за кредибилни подготовки за фер и регуларни избори и е нагласена потребата од избор на стабилна влада кој ќе обезбеди стабилност и на Република Македонија.
– Само низ фер и демократски избори може да се избере влада признаена од сите граѓани и политички субјекти во Македонија и само таква влада ќе овозможи нормализација на институциите, стабилизација на државата и справување со актуелните предизвици. Без прочистен Избирачки список и обезбедување услови за објективно известување од медиумите не се можни регуларни избори, рекол Заев.
Посочил дека СДСМ верува во независната институција ДИК и додал дека во идеални услови Избирачкиот список може да се прочисти за 85 до 90 дена, поради што нема ни законски услови за избори на 24 април.
На состанокот се разговарало и за бегалската криза и за потребата од затворање на прашањата што ја кочат Македонија на патот кон ЕУ