
Дама со неповторлив стил и завидна кариера, Џеки Оназис остана моден пример и вечна мистерија која и дене денес интригира…
Пред 21 година, поранешната прва дама и вистинска модна икона, Жаклин Кенеди Оназис почина во Њујорк.
Посебното проширено издание од нејзината биографија од 2004, со наслов „What Jackie Taught Us“, открива помалку познати детали како што е нејзината краткотрајна работа во „Vogue“.
Во чест на една од најгламурозните дами во историјата, еве неколку занимливости од нејзиниот живот.
Ирско потекло
Иако според нејзиното моминско презими и познавањето на францускиот јаик, се чувствува нејзиното француско потекло, всушност Џеки само во мал дел е Французинка.
Работа во „Vogue“
Пред да се омажи, Џеки работела во модниот магазин како помлад уредник, кога имала само 21 година. Од 1.279 кандидати со диполома од Универзитетот Џорџ Вашингтон, таа била избрана да работи шест месеци во „Vogue“ во канцеларијата на Менхетн и следните шест месеци во Париз.
Иако била многу погодна за оваа улога, со оглед на нејзиното познавање на француската книжевност, Џеки дала отказ веќе првиот ден, затоа што, наводно мислела, дека доминантното женско опкружување во „Vogue“ би ги намалило шансите за брак, кој што за неа бил многу важен.
Можеби оваа дама точно знаела што прави (и што сака!) кога после тоа отишла на состанок со тогашниот сенатор Џон Ф. Кенеди, по повод нејзизното следно работно место, колумнистка во „Washington Times-Herald“.
Веридба
Пред да почне да излегува со Џон Ф. Кенеди, таа во 1952 година била верена за Џон Хастед, познат бизнисмен од Вол Стрит. Додека Хастед бил од угледно семејство, таа повеќе сакала поинаков живот. Според деталите од нејзините биографии, нејзината мајка била против тој брак бидејќи сметала дека Хастед немал одговарачка социјана положба, а покрај тоа, заработувал само 17.000 долари годишно. Која и да е причината, џеки ја прекинува веридбата после три месеци , а за тоа никогаш многу не се зборувало.
Смртта на сопругот
Една недела по убиството на Кенеди, го повикала новинарот Теодор Х. Вајт, кој пишувал статија за атентатот во „Life magazin“ во нејзиниот дом. За да го стави во фокус само убиството на Кенеди, таа ја споделила приказната за неговата опсесија како дете со кралот Артур.