Македонската економија да ја задржи стабилноста и добрите перформанси во иднина, со цел да остна цврст столб на сите политики во земјата, рече денеска гувернерот на Народната банка на Македонија, пред предавањето на тема „Монетарната политика по глобалната криза и користењето на неконвенционалните мерки: Светот и РМ“ во Американ колеџ.
„Ако досега тој (растот) беше поттикнуван од странските директни инвестиции и јавните инвестиции, сега од приватниот сектор, со тоа ќе се зголемува и домашната побарувачка и во такви услови треба да се внимава да не се наруши рамнотежата во македонската економија, рече Богов, нагласувајќи дека за следната година се очекува закрепнување на растот на приватниот сектор.
Запрашан за оценката на Светска банка, гувернерот нагласи дека мора да бидеме внимателни и да се извлече поука од земјите во регионот.
Во врска со девизните резерви, Богов нагласи дека тие се стабилни и можат да ги издржат потенцијалните шкови. Нивното намалување, како што рече тој, е резултат на ценовните промени кај златото и во последните неколку месеци има откуп на девизи.