
– Од глетката во кампот добив измешани емоции оти гледам многу мали деца и млади жени кои тргнале по светот да бараат егзистенција. Се обидуваме да се справиме со оваа ситуација и да најдеме решение заедно со Владата на РМ, со УНХЦР и невладините организации затоа што безбедноста за сите нас и за бегалците кои тргнале да бараат можности за живот е многу важна, рече шефот на холандската дипломатија.
Кундерс нагласи дека Кралството Холандија ќе ја подржи Македонија во справувањето со кризата како и да се најде заедничка солуција на сите земји членки на ЕУ со Македонија и останатите земји во регионот, границите да останат отворени за мигрантите со засилени мерки на индентификација и регистрација.
– Македонија нема да биде жртва на бегалската криза. Затоа дојдов токму и до тука да ја подржам Македонија. Тоа ќе го сторам и на идниот состанок на оваа тема што ќе е одржи во четврток во Брисел, посочи Кундерас.
Државниот секретар во МВР Анастасија Илиеска го запозна министерот Кундерас со опременоста на кампот и неговата подготвеност за прифаќање на бегалците. Илиеска нагласи дека Македонија и натаму ќе ги исполнува своите обврски со засилени мерки на идентификација и дека ќе ги пропушта амо бегалците од подрачјата зафатени со војна.
– Летните месеци низ кампот поминуваа 90 отсто машки, а сега тој процент на бегалци, и покрај лошите временски прилики, е зголемен во корист на децата и жените кои доаѓаат по околу 40 отсто, а само 20 отсто се мажи. Нивната дневна бројка моментно се движи до околу 2.000, најмногу до 3.000, рече Илиеска која потенцира дека соработката со колегите од спротивната страна сеуште не е на потребното ниво и оти ниту Фронтекс ја нема исполнето обврската за распоредување на 26 полицајци на грчката граница.
– Од сето тоа во Грција моментно има само шет припадници на Фронтекс од кои двајца се сниматели и преведувачи, поради што ние бевме принудени на нашата граница да побараме засилување и помош од колегите од Хрватска, Србија, Унгарија и Чешка, рече Илиеска.