Совети за успешен деловен ручек

Некои од најуспешните состаноци се случиле токму за време на вкусен ручек во вашиот омилен ресторан но јадењето за време на преговори има голем број предизвици! Кога треба да почнете да говорите? Што е најлесно за јадење додека преговарате?

Еве неколку совети за успешен и продуктивен деловен ручек:

  1. Проверете ја локацијата и пристигнете порано

Ништо друго нема да ви помогне да ги имате нештата под контрола од тоа да пристигнете порано да седнете на маса и со пијалак да го пречекате вашиот гостин. Пристигнете 15-тина минути порано за да бидете сигурни дека ќе го почнете состанокот на време но и за да бидете сигурни дека ќе добиете добра маса со млаку бучава. Во секој слуачј ќе се чувствувате многу подобро ако сте подготвени за веднаш да поминете на главното. Ова исто така ќе ви овозможи да ги разгледате вашите цели за состанокот…

  1. Испланирајте го разговорот во неколку дела

Во најдобар случај, веќе знаете што сакате да постигнете со овој ручек. Дали барате нови можности за бизнис? Дали се обидувате да спроведете некој проект? Изберете две нешта за кои сакате да продискутирате за време на состанокот и фокусирајте се на тоа тие две нешта да бидат реализирани. Деловните разговори не се место за листа на задачи, па затоа обидете се да останете сконцентрирани на конкретни цели.

Исто така, добро е вашиот деловен состанок да го испланирате во делови, на истиот начин како што планирате што ќе пиете, што ќе јадете.

  1. Нарачајте храна што се јаде со вилушка