Весник на арапски јазик се издава во Германија

Првиот весник за бегалци во Германија кој што го носи името Abwab (Врати), е комерцијален проект кој што се финансира од реклами. Уредник е Сириец со палестинско потекло кој што сега живее во Келн – Рами ал Ашех кој има за цел да ја збогати дебатата за бегалците во Германија.

– Сакаме да се слушне и нашиот глас во тековната дебата. На Фејсбук има многу лажни информации, вели 26-годишниот Ал Ашех според кој Абваб треба да работи против лагите за бегалците, пренесува МИА.

Весникот објавува текстови во врска со состојбата во арапскиот свет како и германски вести, се издава еднаш месечно, а за новогодишните насилства против жени во Келн и други градови текст напиша новинарка. Новините во весникот велат дека тие имаат едукативна улога да им објаснат на Германија на бегалците, зошто во земјата се одржуваат карневали, зошто првиот член од уставот на Германија зборува за човекови права а не за религијата на претседателот. Во весникот има и практични совети за бегалци, како на пример каде да се регистрираат во земјата.

Самиот уредник Ал Ашех е бегалец кој во Сирија бил во затвор поради проотести против претседателот Асад. Весникот се дава бесплатно низ Германија, а објавените реклами се доволни за тој да може сам да се финансира без поддршка од германската држава или други институции и организации.