
Голем број парови Денот на вљубените го одбележаа на Мостот на љубовта во Врњачка бања, на осмиот по ред натпревар во најдолг бакнеж. Победничкиот бакнеж траел цели 68 минути!
-Пред почетокот на натпреварот Ѓорѓе ме запроси. Бев воодупевена бидејќи не ја знаев неговата намера. Го сакам уште повеќе, бидејќи не е мала работа јавно да ги икажеш чувствата пред волку голем број медиуми и публика…Ова за нас е двојна победа, вели Ирена Алурац, која со својот партнер Ѓорѓе Божиќ победи на натпреварот за најдолг бакнеж.
Парот од Крушевац, учествувал на натпреварот за најдолг бакнеж и има победено во 2013, 2014 и 2015 година.
Овогодишната награда – патување во Прага, велнес викенди и накит привлекле голем број натпреварувачи.
Останатите парови најпосле моат да здивнат – Ирена и Ѓорѓе дефинитивно го најавија своето повлекување, оставајќи можност да победи некој друг пар.