Зимбабве: Во американски авион најден леш и милиони

Американски товарен авион бил задржан во Зимбабве откако во него бил најден леш и милиони јужноафрикански ранди во готовина.

Како што јавува британски Индепендент, мртвото тело и парите биле откриени откако работниците забележале дека од авионот тече крв.

Хералд пишува дека авионот МД – 11 летал од Германија во Јужна Африка и дека бил преполн со милиони ранди (еден милион ранди е околу 62.500 долари). Според првичните информации парите и припаѓаат на јужноафриканската банка.

Меѓу членовите на екипажот имало двајца Американци, еден Јужноафриканец и еден Пакистанец.