
Новинари од Македонија од засега непознати причини денеска во Пустец лажно се претставувале дека се од неделникот „Република“, објави порталот „Пустец“ (Pustec.com). Ваквата вест ја потврдил и градоначалникот на општина, Едмонд Темелко, кој ги примил новинарите во својата канцеларија.
Според информациите на порталот „Пустец“, се работи за новинарите Александар Тодески и Виктор Јованов. Новинарите се од порталот „А1 он“.
Тие се дел од импресумот на А1ОН објавен на самиот портал.
Видеото е преземено од „Пустец“