Поради нападот во Анкара во Брисел откажана средбата на 11 членки на ЕУ

Денешната средба на лидерите на 11 земји-членки на Европската унија, кои се подготвени да примат поголем број бегалци, кои доаѓаат од Турција, е откажана поради вчерашните напади во Анкара, изјавија дипломатски претставници, јави БТА.

Средбата организирана од Австрија е откажана, изјавија дипломатите.

Најмалку 28 лица загинаа во нападот во Анкара

Во нападот со автомобил-бомба врз воен автобус во центарот на Анкара загинаа најмалку 28 лица и десетици беа ранети. Веднаш по нападот турскиот премиер Ахмет Давутоглу ја откажа посетата на Брисел.

Бројот на загинати во Анкара се искачи на 28
Бројот на загинати во Анкара се искачи на 28

Лидерите на 11 европски земји, меѓу кои францускиот претседател Франсоа Оланд, требаше да се сретнат денеска, неколку часа пред самитот на ЕУ, на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел и австрискиот колега Вернер Фајман. На неа беше предвидено да присуствуваат турскиот премиер Давутоглу и претседателот на Европската комисија Жан Клод-Јункер.

Учесниците на средбата требаше да разговараат за спроведување на програмата за сместување на 160 илјади кандидати за азил, кои влегле во Европа од Италија и Грција, како и за преговори за враќање на економските мигранти во Турција.