Осмислена стратегија на ова раководство на СДСМ е да спречат демократски избори, затоа што на сите такви досега народот децидно гласаше против севкупните политики на СДСМ, кои еве гледаме колку се лоши за нашата држава. На Заев му е апсолутно јасно дека по изборите и по поразот ќе мора да се повлече од претседателската функција на СДСМ, а со оглед на тоа дека има закачено многу кривични пријави за сериозни и тешки кривични дела, како против државата, уцена на високи функционери, поткуп, и во овој момент кога нема да биде претседател на СДСМ тој нема да може да си игра како што сега прави во македонското правосудство и го чека затворска казна.
Заев и тие неколкумина околу него, инсистира(ат) да нема избори, затоа што после избори Заев и неговите измеќари ќе ги нема од политичката сцена, ќе бидат запишани како поранешни, но не и сегашни политичари во земјата. Секое изборно соочување, кое сите ние знаеме каков краен резултат ќе донесе, ќе значи политички крај на лидерот и на раководството на СДСМ. Овој пат изборниот резултат нема да биде поразителен за СДСМ, овој пат изборниот резултат ќе биде катастрофален за СДСМ. Кога сите во СДСМ, а посебно раководството го знаат овој факт, тогаш е тешко да се најде маж кој би кажал добро ајде да одиме на избори па што биде нека биде. Ваков е ставот на експертската јавност која ги коментира прашањата зошто Заев толку упорно инсистира да нема избори и како ќе се одрази пролонгирањето на кризата со одложување на изборите врз целокупната безбедносна и економска состојба и зошто некој би имал интерес да се пролонгираат истите, пишува „Курир“.
Науновски: СДСМ ќе ја добие заслужената изборно-гласачка казна
Политичкиот аналитичар Тони Науновски смета дека осмислена стратегија на ова раководство на СДСМ е да спречат демократски избори, затоа што на сите такви досега народот децидно гласаше против севкупните политики на СДСМ, кои еве гледаме колку се лоши за нашата држава.
Политичката совест на оние од СДСМ, која сигурно пробива во нивната партиска свест, се повеќе ги прави политички ирационални, и се повеќе ги открива нивните крајни намери – да ја превземат власта без гласање, избори и демократска одлука на народот кој единствено може да даде политички легитимитет. После ова спуштање на нивото на јавното и политичкото во РМ, што трае повеќе од една, премачна година за секој разумен Македонец, СДСМ ќе ја добие заслужената изборно-гласачка казна, наскоро, на 24 Април. И тие тоа го знаат, надвор од нивните опасни фантазии и колективни партиски заблуди дека со шпионски валкани игри ќе бидат избор на гласачите. Затоа, мораме да очекуваме уште поголемо политичко лудило, а најавите за бојкот и некакво спречување на демократските избори мора да бидат спречени и санкционирани од правната држава и институциите на системот, конечно по толку време на нивно непостапување според Уставот и законите, вели Науновски.
На прашaњето како ја толкува сигурноста на Заев во поддршката од некои амбасади и зошто мислите дека тие би оделе на негова линија, Науновски вели дека воопшто не е уверен оти актуелното раководсво на СДСМ има некаква поддршка од амбасади за сиот овој, во суштина, обид за државен удар.
Тоа е само нивна провидна пропаганда, дека имаат некаква поддршка од страна, чадори некакви и слично. Се разбира, како и секогаш низ нашата историја, и сега има некои центри на моќ кои ја користат шансата во политичкот хаос што го направија шпионските тонски записи од наши приватни разговори да не дотолчат како народ и држава, но тие не ја одразуваат официјалната политика на странските држави или т.н. меѓународна заедница. Впрочем, секој ден се повеќе битни политичари даваат поддршка на предвремените избори, кои ќе бидат демократски, како што беа посебно од 2006 година до денес. Гебелсовската пропаганда околу СДСМ се обидува да ги деморализира, уплаши гласачите, со ефтини приказни дека некои странци го поддржуваат Зоран Заев и тие околу него. Не е така, а конечно, и да има некои такви маргинални црпнати странци ширум светот, не гласаат тие туку ние Македонците, изјави Науновски за „Курир“.
Науновски додава…