Работата на собраниската комисија за образование која расправаше за Законот за Универзитетот „Дамјан Груев“ денес беше прекината.
Претседавачот на комисијата ја прекина седницата поради „мјаукање и плазење на јазикот“ од страна на пратеничката на СДСМ Софија Куновска.
И после неколкуте апели од страна на претседавачот до пратеничката Куновска да се воздржи од мјаукање, ваквиот специфичен начин на анимален парламентаризам очигледно беше посилен од нормативите за културно однесување и домашно воспитување, па работата на комисијата која дискутира еден многу важен и сериозен Закон за универзитет прекина поради мјаукањето на Куновска.