ФОТО: По 30 години „Оскар“ со нов лик

Златната статуетка „Оскар”, која се доделува како признание за најдобрите од Американската академија за филмски науки и уметности, првпат по 30 години е редизајнирана за овогодинешното 88. издание на церемонијата.

Њујоршката компанија Polich Tallix Fine Art Foundry  го презеде производството на статуетките од компанијата R.S. Owens од Чикаго, која ги произведуваше статуетките од 1982 година.

3d-printing-bring-oscar-statuette-roots-88-academy-awards-7

Новиот производител го обнови суптилниот изглед на изворната скулптура користејќи се со бронзен калап од 1929 година, кога беше првото доделување на „Оскарите“.

3d-printing-bring-oscar-statuette-roots-88-academy-awards-3

За изработка на 50 статуетки се потребни три месеци.

CbXEFXGUkAA-QJC

Инаку, мерките остануваат исти. Оскарот е висок 34 сантиметри и тежок 3,85 килограми.

Годинешната церемонија е закажана за следната недела, 28 февруари, на добро познатото место – театарот „Долби“ во Лос Анџелес.