Заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со директорот на Агенцијата за вработување и раководителката на скопскиот центар за вработување денеска оствари средба со раководството на компанијата Окитекс, компанија која со години работи на македонскиот пазар во областа на текстилната индустрија и произведува најчесто за извоз.
За време на денешниот настан Спасов информира дека е објавена нова мерка од страна на Агенцијата за вработување за побарувани занимања на пазарот на труд односно станува збор за обука на над 64о невработени лица, за што Владата ќе обезбеди буџет во износ од 35 милиони денари.
-Процесот на стекнување на раб место или самото барање работа не е едноставен, но невработените лица кои ке учествуваат во обие обуки во реални работни услови во работните простории простории на работодавачите имаат поголеми шанси да се стекнат со работно место. Добиваат сертификат за завршена тримесечна обука во реални работни услови на машините и опремата на која се врши производството. Многу полесно и побрзо можат да стигнат до саканото работно место, а најчесто оние кои се најзаинтересирани и најпосветени во текот на обуката добиваат и работно место во компанијата каде биле на обука, истакна Спасов.
Тој додаде дека неколку работни тимови изминатиов период биле во посета на голем број македонски компании.
-Успеавме да сертифицираме над 110 програми за обука во реални услови, а државата ги покрива основните трошоци за храна и превоз за лицата кои ќе ја посетуваат обуката, како и работодавачите кои ја овозможуваат, потенцира Сапсов.
Тој упати повик до сите заинтересирани лица да аплицираат на огласот за обука во приватниот сектор и со тоа на полесен начин да дојдат до посакуваното работно место.