
Во текот на изминатите 24 часа Министерството за внтрепни работи издало нови 372 потврди на мигранти за остварување на правото за барање азил.
Од нив 104 се од машки и 102 од женски пол, како и на 166 деца кои го придружуваат носителот.
Како што соопшти денеска МВР, според државјанството, 250 потврди се издадени на државјани на Сирија, 113 потврди на државјани на Ирак и девет потврди се издадени на државјани на Авганистан.
Во периодот од 1 јануари годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 84.359 странски државјани, од кои 33.598 се од машки пол, 18.287 се од женски и 32.269 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 205 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 40.658, Авганистан – 26.544 и Ирак – 17.154.
Во истиот период до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.