Македонските камионџии блокирани на грчко-турската граница се вратија дома

Дел од превозниците кои беа заглавени неколку дена на граничниот премин Ипсала меѓу Грција и Турција се вратија во Македонија. Причина за блокадата на преминот беше штрајкот на фармерите од Грција. Сепак, и натаму е неизвесно дали сообраќајот низ овие земји од денес ќе се одвива непречено.

Штрајкот на земјоделците во Грција и натаму трае.

Од „Макамтранс“ информираат дека превозниците сега ја пресметуваат претрпената штета од дополнителните трошоци и од доцнењето на испораките.

Неизвесно е и на граничните премини меѓу Бугарија и Грција. Таму штрајкуваат и грчките земјоделци и бугарските превозници незадоволни од блокадите во Грција.