
Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски при денешната посета на општина Ресен изјави дека целта на новите плажи уредени по најсовремени стандарди е да се оживее туризмот и во ово дел на Македонија и да се привлече што поголем број туристи.
Вкупната инвестиција за уредување на двете плажи изнесува 77 милиони денари.
Тој најави дека во тек е тендер за избор за фирма изведувач која ке ја гради пешачката и велосипедската патека околу Преспанското езеро во должина од 5.2 километри. Се работи за околу 1 километар пешачка и велосипедска патека во Стење, 2.5 километри од Сливница до Претор, 1.2 километри патека од Сливница до Крани и околу 320 метри патека во Долно Дупени. Вкупната инвестиција изнесува 52 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на министерството за транспорт и врски.
Денеска Мисајловски заедно со градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски го пуштија во употреба патот од Љубојно до Брајчино, инвестиција од 13 милиони денари. Тие остварија и средба со жителите на с. Љубојно каде ги слушнаа идеите и потребите на жителите и најавија дека ќе ги разгледаат и оние што се реални ке бидат вметнати во новата изборна програма на ВМРО – ДПМНЕ.
-Покрај уредувањето на плажите како и пешачките и велосипедските патеки, приоритет ни е и патната инфраструктура. Денеска го пуштивме во употреба овој пат од Љубојно до Брајчино, многу значаен за развој на туризмот. Исто така завршивме и со рконструкција на ликалните патни правци до с. Крани и с. Грнчари. Во моментов активно работиме и на реконструкција на регионалниот пат Битола – Ресен – Буково или само во општина Ресен инвестициите во патната инфраструктура надминуваат над 6 милиони евра,изјави министерот.
Мисајловски денеска во општина Ресен ќе присусвува на јавна распределба на 18 социјални станови.