Премиерниот натпревар од 25. коло во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу екипите на Валјадолид и Леванте заврши без победник, 1:1.Кога се во прашање денешните натпревари, убедливо најлесна задача би требало да има тимот на Реал (М) и се освен убедлив триумф над новајлијата во елитното душтво, екипата на Елче, ќе биде дефинирано како вистинска сензација.
И овој натпревар, од свечената ложа ќе го следи најдобриот фудбалер на денешницата, португалскиот интернационалец, Кристијано Роналдо, кој најпосле ќе ја одлежи суспензијата од три натпревари, добиена поради директниот црвен картон на дуелот против Атлетик (Б).
Дефинитивно потешка задача, да забележат позитивен резултат во дуелот со секогаш незгодниот тим на Реал од Сосиедад имаат фудбалерите на Барселона, а нова маестрална парија се очекува од напаѓачкиот двоец на каталонскиот гигант, Лионел Меси – Неимар.
Денеска на програмата: Селта – Гетафе, Реал М. – Елче, Алмерија – Малага, Сосиедад – Барселона.