Зоолшката градина распиша оглас за изведба на слонара

Зоолошка градина на Град Скопје-Скопје распиша оглас за изведба на слонара. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 22.000.000 денари, а главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена, пишува Скопје Инфо.

Воедно до крајот на годината во скопската Зоолошка градина се очекува да бидат готови живеалиштата на шимпанзото Kоко, кој е на ресоцијализација во Холандија од 2009 година.

Зоолошката во Скопје, веќе 25 години е без слон, откако последниот слон што го гледаа посетителите почина во 1991 година.