
Американските медиуми пренесуваат ја пренесуваат изјавата на пефот на европската Агенција за гранична контрола Фронтекс, Фабрис Леџер, преку која тој потенцира дека неопходни се повеќе гранични службеници, бродови и авиони за обезбедување на широката поморска граница на Грција.
Шефот на Фронтекс денеска изјави дека буџетот на агенцијата од 142 милииони евра во текот на минатата година во 2016 година е зголемен на 250 милиона евра, додека во 2017 година тој треба да биде зголемен на 320 милиони евра.
Во моментов во Грција се разместени околу 775 гранични службеници и уште околу 280 во јужна Италија, каде мигрантите од Либија пристигнуваат преку Средоземно Море.
Леџер додаде дека дотокот на мигранти во јануари значително опаднал во споредба со декември, но е за неколку пати повисок во споредба со јануари 2015 година.
Минатата година во Европа пристигнаа повеќе од еден милион мигранти.