Избори во Македонија на 5 јуни

Изборите ќе се одржат на 5 јуни. Ваков договор доцна вечерва паднал меѓу политичките партии, пишува Прес 24. Информацијата е од високи дипломатски извори вклучени во преговорите.

По целодневно натегање СДСМ конечно попушти и се согласи одлуката за распуштање на Собранието да се поништи и да се донесе нова одлука според која Собранието ќе се распушти на 7 април а изборите ќе се организираат на 5 јуни.
Во меѓувреме партиите ќе треба да работат на подобрување на медиумската клима а Државната изборна комисија да се посвети на пречистување на избирачкиот список.

Собраниската седница на која треба и официјално да се изгласа овој договор е закажана за 30 минути пред полноќ.