
Одлуката е предложена од пратениците од ДУИ и ДПА, а потпишана и од пратеничката Лилјана Поповска.
Со одлуката се предвидува менување на членот 2 од веќе донесената одлука Парламентот да се распушти на 24 февруари и се бара тој датум да биде 7 април оваа година.
Доколку се земе предвид дека Парламентот се распушта 60 дена пред одржување на изборите, предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јуни.
На почетокот на седницата, претседателот на Парламентот Трајко Вељановски информира дека вечерва министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ лично ги повлекле условените оставки што денеска ги поднесоа до Владата.
На дневен ред на оваа седница, која, како што најави Вељаноски, е и Предлог законот за измена на Изборниот законик, по итна постапка, поднесен од пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, едногласно поддржан со 80 гласа „за“.