Најмалку седум торнада ги погодија јужните делови на државите Луизијана и Мисисипи, при што три лица загинаа, а најмалку 30 се повредени.
Метеоролошката служба во Луизијана утрово соопшти дека на загрозените места ќе бидат испратени екипи за да ги документираат штетите и да направат оценка за јачината на торнадата.
Претставник на службата истакна дека грмотевица ја погодила зградата на метеоролошкиот завод во Слајдел, уништувајќи ги радарските системи.