Како што информираше Недељковиќ, по наредба на јавен обвинител, а заради утврдување на причината за смртта, телото на лицето со иницијали Б.А. било дадено во Судска медицина за обдукција.
– Вчера околу 17 часот во полициската станица Кавадарци било пријавено дека во дворот на семејната куќа во селото Паликура било пронајдено починато лице. Смртта ја констатирал лекар од Здравствен дом Кавадарци, а според првичните информации, немало видливи траги на насилство. Сепак причината за смртта ќе ја покаже обдукцијата, нагласи Недељковиќ.
Увидна екипа на СВР Велес и јавен обвинител од Велес извршиле увид на лице место.