
Медицинските експерти се обидуваат да ја потренат свеста за ризикот од ампутација поради васкуларната болест – потенцијално опасна по живот болест со која што околу еден милион луѓе веќе би можеле да живеат.
Голем број пушачи можеби се во ризик веќе да ја имаат оваа болест. Експертите во Британија предупредуваат дека милион Британци или околу 90 отсто од оние што се пушачи или поранешни пушачи би можеле да живеат со сериозна васкуларна состојба што може да доведе до ампутација на ногата или фатален срцев удар.
Пушењето во голема мерка го зголемува ризикор од периферна артериска болест – тивок и во голема мера непознат убиец, пишува „Дејли Експрес“.

Во Британија веќе се регистрирани половина милион случаи со оваа болест. Како и да е зпоред хирурзите проценките се дека бројот на заболени би можел да биде двојно поголем. Она што е загрижувачко е дека заболените немаат речиси никакви симптоми се додека не прежувеат срцев или мозочен удар.
Девет од 10 лица што ја имаат болеста се пушачи или поранешни пушачи, а некои видови од оваа болест се најдени само кај пушачите.
Потенцијално фаталната состојба е предизвикана од собирањето на масни остатоци на ѕидиштата на артериите на нозете што го ограничува протокот на крв во мускулите на нозете. Овој процес се нарекува атеросклероза што може да биде предизвикано од вдишувањето штетни хемикалии што ги има во тутунот и може да доведат до сериозни или потенцијално фатални проблеми.
Ако не се лекува навреме, ткивото на ногата може да почне да изумира, поради што кај 30 отсто од случаите е неопходна ампутација на ногата.
Затоа пред да ја запалите следната цигара размислете…