
Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо избра уште една убавица од „излогот на Инстаграм“, која веќе има искуство со спортисти.
Како што објави „Мирор“, нова мета на Роналдо е бугарскиот фото-модел Николета Лозанова.
Фудбалерот наводно контактирал со убавата Бугарка откако видел нејзини фотографии на Инстаграм, па таа сега секој викенд патувала во Шпанија на средби со него.
Инаку, Николета има и претходни љубовни искуства со спортисти. Таа минатата година се раздели од бугарскиот фудбалер Валериј Божинов, а се шпекулираше дека „се вмешала“ во врската на тенисерите Григор Димитров и Марија Шарапова, што било и причина за нивно разидување.
Очигледно, по секси Колумбијката со кој неодамна беше виден, Роналдо сега ја прошири потрагата по убавици и на Балканот.