
Познатата канадска пејачка Селин Дион се врати на сцената, откако за многу кусо време и се случија две семејни трагедии, една е смртта на сопругот, другата смртта на братот само неколку дена потоа.
Селин го одржа првиот концерт по смртта на сопругот Рене Анжелил и не можеше да си ги задржи солзите.
Таа организираше шоу во Лас Вегас, кое беше пренесувано во живо на нејзиниот сајт, а беше во чест на нејзиниот сакан сопруг.
Пред Селин да излезе на сцената на екраните се појави пораката со која таа ја објасни својата посветеност на сцената, но и на вечната љубов и почит кон Рене.
Сфатив дека мојата кариера беше на некој начин негово ремек-дело, негова песна, негова симфонија. Идејата да ја остави незавршена ужасно ќе го повредеше. Сфатив дека ако тој некогаш не напушти, јас морам да продолжам без него, за него, рече таа.