
Една година затворска казна, доби возачот на камионот, Раде Васакевски, кој на 24-ти октомври минатата година ја прегази 11 годишната Матеа во скопската населба Хром.
На Васакевски, кој е професионален камионџија му се судеше за тешки дела против безбедноста на луѓето и против имотот во сообраќајот за кое е одредена максимална затворска казна до пет години.