Како се ближи доделувањето на најпрестижните филмски награди, така во Холивуд се прават разни статистики – кој фустан бил најубав, кој бил најголем губитник…
Меѓутоа, листата на актери кои освоиле најголем број Оскари не е долга. На неа се аоѓаат шест уметници, тројца актери и три актерки, кои добиле по три награди, со тоа што една од нив освоил четири…
Апсолутна рекордерка е Кетрин Хепберн, дива од златниот период, која сите четири стауетки ги добила за главни улоги.
По Хепберн следи Мерил Стрип, која според многумина е најголема жива актерка. Таа освоила два оскари за главни улоги и еден за споредна. Мерил е рекордер по бројот на номинации, дури деветнаесет.
Џек Николсон е добитник на три оскари, од кои две за главни улоги и една за споредна во драмата „Време на нежности“.
И Ингрид Бергман има добиено три оскари.
Многумина го заборавија Даниел Деј Луис, па ќе се изненадат кога ќе чујат дека и сјајниот ирски актер е на врвот на оваа листа, со три признанија.
Помладите генерации сигурно не паметат кој е Волтер Бренан, исто така добитник на три оскари.