
Изгледа дека чуда сепак се случуваат – Викторија Бекам нема намера, барем наскоро да им се „врати“ на високите потпетици.
Можеби сте заборавиле, но своевремено нашата драга Вик го изјави следното:
-Не можам да се сконцентрирам на рамни обувки!
Можеме на прсти да изброиме колку пати досега сме ја виделе Викторија на рамни обувки.
Меѓутоа, времињата се менуваат, па и мислењето.
За ова сведочат последните комбинации на британската креаторка која новиот стил го најави на њујоршката ревија кога пред публиката се поклони во бели патики.
Од тогаш Викторија се почесто ја гледаме во рамни обувки отколку на потпетици, кои секогаш беа нејзин заштитен знак.
Дали ова е конечно „збогум“ за потпетиците на Вик?
Во неодамнешно интервју таа открива дека не може повеќе постојано да носи високи потпетици.
-Не можам постојано да носам високи потпетици. Барем не додека работам. Постојано сум во движење и често патувам, па се понапорно ми е да одам на високи потпетици, рече Вик.
Морме да признаеме дека со оваа изјава Викторија откри колку се променила. Зборуваме за жената која редовно патуваше и држеше предавања во вртоглаво високи потпетици.