
Рускиот претседател Владимир Путин е „мозокот“ на операцијата за исчезнувањето на патничкиот авион MH370. Ова е шокантното тврдење на експерт за авијација, пишува „Дејли Експрес“.
Авионот на Малезија Ерлајнс никогаш не беше пронајден и покрај екстензивните потраги на отворено море и потрагите во различни области на океанот.
Џеф Вајс, експерт во САД за наука и за технологија, тврди дека Путин стои зад мистериозното исчезнување на леталото и исто така дека тој стои зад соборувањето на малезискиот авион MH17 во јули во 2014-тата во Украина.

Вајз следејќи ги известувањата од истражувачката организација Белингкет од Британија, која ги проучувала извештаите на социјалните мрежи и на интернет и заклучила дека руската бругада или ја обезбедила или пак оперирала со ракетниот фрлач Бук М1 за да го собори авионот во кој загинаа сите 283 патници и 15 членови на екипажот.
Извештајот заклучува дека оваа операција би можела да биде санкционирана само од страна на највисоките воени власти во Русија.
Одговорноста за соборувањето на MH17 со оружје што е обезбедено и можеби управувано од руската војска е кај Министерството за одбрана и Врховниот командант на руските вооружени сили, Владимир Путин, се вели во извештајот.
Иако Вајз…