Ќе се собира кабастиот отпад од општина Кисела Вода

Ќе се собира кабастиот отпад од општина Кисела Вода
Ќе се собира кабастиот отпад од општина Кисела Вода

Oпштина Кисела Вода преку Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена на 04 и 05. 03. 2016 година од 07,00 – 11,00 часот ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад  на територија на општината.
Акцијата ќе се спроведе пооделно по Урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:
04. 03. 2016 година од 07,00 – 11,00 часот: УЗ. Цветан Димов, УЗ. Бирарија, УЗ. Црниче, УЗ. Пржино и УЗ. 11-ти Октомври – згради
05. 03. 2016 година од 07,00- 11,00 часот: УЗ. Кисела Вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври – бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ.село Драчево и МЗ. Припор.

Од општината апеираат до граѓаните отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици.
Кабаст отпад опфаќа секаков вид на домашен смет освен градежен шут и комунален смет.