Прекин на сообраќајот на патот Струмица – Радовиш

Прекин на патот Струмица – Радовиш. Утрово од 06.10 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш помеѓу село Владевци и село Радичево, сообраќајот е во прекин во двата правци поради случена сообраќајна незгода помеѓу автомобил и камион, во која две лица се починати.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Куманово – Страцин – Крива Паланка е намалена на 50 – 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15-ти Ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2016 година.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.