
Малолетна штитеничка од домот „25-ти Мај“паднала од четвртиот кат. Несреќата била пријавена во полиција вчера околу 12,30 часот.
Девојчето на возраст од 14 години со возило на итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот Центар-Скопје, каде и била укажана лекарска помош и констаирани и биле тешки телесни повреди, скршеници на левата нога на отскочниот зглоб.
Се работи на целосно расчистување на случајот.