
Жителите на Општина Чучер Сандево до септември треба да ја добијат првата градинка во која се планира да бидат згрижени околу 150 дечиња.
Ова е прва градинка која се гради во оваа општина, а досега жителите беа принудени своите деца да ги носат во градинките во Чаир и Бутел.
Увид во градежните активности за изградба на градинката денеска направи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој е во посета на општината Чучер-Сандево.
За градинката ќе бидат инвестирани вкупно 18 милиони денари, од кои 10 милиони од буџетот на општината, а осум милиони се обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика.