
Триесет и осумгодишната Гулчера Бобокулова е жената која брутално ја уби 3-годишната Настија М. а потоа со главата на девојчето шеташе пред московското метро.
Жената монструм е уапсена, а засега полицијата потврди само дека остатоците од телото на Настија биле пронајдени во станот, кој Гулчера го запалила откако го извршила убиството.
Се претпоставува дека Гулчера, која инаку била негувателка на Настија, чекала да заминат родителите и постарото дете, за да може да го изврши убиството.
Медиумите во Русија наведуваат дека Настија имала 3-4 години и дека била хендикепирана.