Продолжува судењето за „Диво насеље“

Во Основниот суд Скопје еден денеска продолжува судењето за случајот „Диво насеље“ во кој за тероризам се обвинети 29-мина.

На претходното рочиште сведочеа жители на населбата каде што се случуваа пресметките, на предлог на јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во исто време, јавното обвинителство ги демантираше тврдењата на одбраната дека осомничените терористи кои имале командна функција биле убиени по приведувањето во полициска станица, а не за време на вооружената борба.

Јавно Обвинителство поднесе обвинение против 29 лица за кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”, за настаните од 9 мај во кумановската населба Диво Насеље минатата година кога беа убиени 8 припадници на полициските единици, а 37 беа повредени, додека во акцијата беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Кривичен суд: Главната расправа за случајот „Диво Насеље“ е јавна

Основен суд Скопје 1 – Скопје во целост ги демантира одредените новинарски написи и коментари околу судењето за настаните од кумановско Дива населба, дека судењето било затворено за јавноста.

Како суд во целост ги демантираме овие наводи и потврдуваме дека главната расправа по овој предмет е јавна и како јавност освен медиумите присуствуваат и претставници на ОБСЕ и невладини организации од земјата, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Претходно од Судот информираа дека ги обезбедиле сите неопходни услови за водење на постапката, пред се имајќи ги во прв план правата на странките во постапката и нивната безбедност.

Заради просторните ограничувања на судницата, на медиумите им беше овозможено судењето да го следат преку видео пренос во библиотеката на судот. Но одредени медиуми кои воопшто не беа присутни во судот инфомриаа дека судењето наводно било затворено, за што најдобар демант беа бројните телевизиски прилози и новинарски текстови кои ги објавија новинарите кои професионално го следеа судењето, се додава во соопштението.