Кандидатот на републиканците за претседателската номинација во САД Доналд Трамп и неговата потенцијална демократска ривалка Хилари Клинтон победија, секој во својот табор, како убедливи фаворити во текот на супервторникот, најважниот ден од прелиминарните избори, кога истовремено се гласаше во 12 американски држави и една територија.
Според проекциите на медиумите, Трамп ги победил своите републикански противкандидати во седум држави, од длабоко на југот со Масачусетс на север, со што доби дополнителен поттик по минатомесечната победа на внатрепартиските избори во три од 4 држави.
Убедлива е и победата на Клинтон над нејзините партиски противкандидати, иако таа беше предвидлива во држави како Арканзас на пример, каде таа и нејзиниот сопруг ја започнаа политичката кариера.