
Бидејќи портата на резиденцијата на украинскиот претседател Виктор Јанукович по неговото бегство е отворена, над илјада граѓани го видоа раскошот во кој до неодамна живееше.
Резиденцијалниот комплекс Межгореј е оддалечен околу 15 км од Киев. Има паркови, статуи, вештачко езеро со фонтана, диви патки. Претседателот на располагање имал и тениски терен, терен за голф, приватна зоолошка градина.
Во гаражата можеле да се видат луксузни автомобили,олдтајмери и глисери.
Раскошот привлече голем број на луѓе кои со неверување набљудуваа во какви услови живеел претседателот. Многумина беа изненадени од ентериетот односно позлатата, луксузните садови и мебелот.
Најголемо внимание предизвика раскошната тоалет шолја која е обложена со злато,која подоцна се испостави дека станува збор за лажна фотографија.
Фотографиите веднаш се појавија на социјалните мрежи.